По месеци очекување, Opel и официјално ги претстави првите фотографии од новата Astra, која ќе ја има светската премиера на салонот за автомобили во Франкфурт оваа есен, а во продажба би требало да се најде до крајот на годинава.
За разлика од некои конкуренти во класата кои од генерција во генерација прават само мали измени во дизајнот, новата Astra воопшто не наликува на својата претходнчика. Како што изјави маркетинг директорот на Vauxhall Енди Гилсон "Само името остана исто". Во Opel спомнуваат и нова платформа Delta која Astra ја дели со Chevrolet Cruze, a поради која би требало да е позабележително спортска од својата претходничка.
Под хаубата ќе се најдат чети бензински и три дизел мотори. Љубителите на бензинците ќе можат да изберат помеѓу 1.4 со 100 КС, турбо со 120 или 140 КС и 1.6 турбо со 180 КС. Фановите на дизелот ќе имаат избор помеѓу 1.3, 1.7 и 2.0 во распон од 95 до 160 КС.
На пазарот прва ќе се појави хеџбек варијантата со пет врати, додека во чекор би требало да ја следи и GTC изведба со три врати, а Opel најави и караван изведба до крајот на 2010, а потоа и кабриолет.